Ниту 48 поени на Кари не го спасија Голден Стејт од пораз против Портланд

Екипата на Голден Стејт вориорс ноќеска загуби на гостувањето кај Портланд со 136:131 и покрај тоа што Стефен Кари постигна 48 поени, погодувајќи 12 од 19 за три поени.

Резултати на другите пет натпревари од НБА-лигата играни ноќта недела кон понеделник:

Атланта – Филаделфија 120:117

Бруклин – Милвоки 127:82

Чикаго – Њу Орлеанс 104:114

Минесота – Сакраменто 117:103

Феникс – ЛА Лејкерс 114:116.

Лидер во Западната конференција е Оклахома со 24-2 (победи-порази), на Исток прв е Детроит со ефект 20-5.

Фото: ЕПА

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО