Гвардиола: Во кој било друг спорт ние ќе победевме!

По ПСЖ и Борусија Дортмунд, во полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) во фудбал се пласираа Реал Мадрид и Баерн Минхен.

По фантастичната прва средба во Мадрид, која заврши 3:3, Сити и Реал во реваншот на „Итихад“одиграа 1:1, по продолженијата. Прашањето за тимот што ќе игра во полуфиналето беше решено со изведувањето пенали во кое поуспешни беа Шпанците, со 4:3.

Белингам, Васкез, Начо и Ридигер погодија во „пенал лотаријата“ за Реал, а на спротивната страна Алварез, Фоден и Едерсон. Модриќ промаши кај Реал, а Силва и Ковачиќ кај Сити.

Сити во текот на 120 минути игра имаше неверојатна доминација во се’, од посед на топка до бројот на удари кон голот, но на крајот Шпанците одат натаму.

Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола кратко го прокоментира исходот по натпреварот. „Ова е фудбал. Во кој било друг спорт ние ќе победевме“, изјави Гвардиола.

Слично беше и размислувањето на играчот од средниот ред на Сити, Родри. „Искрено, вечерва играше само еден тим“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО