Драмата во Манчестер заврши среќно за „кралевите“: Реал го најде патот до полуфиналето

По драматичното изведување пенали во Манчестер, Реал Мадрид е четвртиот полуфиналист сезонава во Лигата на шампиони.

Откако првиот меч во Мадрид заврши без победник (3:3), а слично беше и во регуларниот дел на „Итихад“ (1:1), мораше да се одиграат продолженија, па откако и таму немаше ситуација за јасен победник, се замина на пенали.

Претходно, во регуларниот дел, Реал поведе преку Родриго во 12. минута од натпреварот, а подоцна, во вториот дел, Сити се враќаше во егал преку Кевин Де Бруин, но таму како да подзастанаа, па натпреварот отиде во непосакуван правец за нив.

На крајот, Реал беше подобар во изведувањето на пенали, Лука Модриќ промаши за Реал, додека за Сити промашија Матео Ковачиќ и Бернардо Силва.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО