Доживотна суспензија за Џонтај Портер од Торонто репторс

НБА лигата доживотно го суспендира кошаркарот на Торонто репторс, Џонтај Портер поради прекршување на правилата за обложување.

Истрагата на НБА покажала дека 24-годишниот играч им откривал доверливи информации за неговата подготвеност на спортските обложувачници и ги ограничил своите настапи во обложувачки цели. Портер, исто така, се обложувал на мечеви во НБА користејќи ја онлајн сметката на свој пријател.

Комесарот на НБА, Адам Силвер, рече дека „еклатантните прекршувања“ на Портер налагаат „најстрога казна“.

– Нема ништо поважно од заштита на интегритетот на НБА натпреварувањето за нашите навивачи, за нашите тимови и за сите поврзани со нашиот спорт. Затоа бесрамните прекршувања на нашите правила од Џонтај Портер налагаат најстрога казна, рече Силвер.

Истрагата потврдила дека Портер открил информации за неговата физичка подготвеност на некого за кого знаел дека е спортски обложувач пред натпреварот против Сакраменто кингс во март. Портер тогаш тврдеше дека е болен и играше само три минути.

Друг соработник на Портер се обложил од 80.000 долари дека тој ќе одигра лош натпревар во сите статистички категирии! Но, поради постапките на Портер и сомнителната активност на обложувачот, облогот што требаше да му донесе заработка од 1,1 милион долари, бил замрзнат и не бил подмирен.

Исто така, откриено е дека Портер се обложил 54.000 долари на 13 НБА натпревари преку онлајн сметка на пријател во периодот од јануари до март 2024 година. На ниту еден натпревар Портер не играше.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО