Гвардиола: Стоунс можеби, но Вокер, Едерсон и Аке нема да играат со Астон Вила

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше за состојбата на повредените фудбалери во неговата екипа во пресрет на натпреварот од 31. коло на англискиот шампионат со Астон Вила, кој ќе се одигра утре, 3 април.

-Дали Вокер, Стоунс и Едерсон ќе играат? Мислам дека не. Џон Стоунс, можеби. Другите двајца немаат шанса. Кога сме веќе кај Аке, тој е повреден, но се надевам дека наскоро ќе се врати. Не ја знам точната временска рамка за закрепнување. Тој нема да биде подготвен за следните натпревари, изјави Гвардиола за прес-службата на Манчестер Сити.

Да потсетиме, натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Астон Вила ќе се одигра на стадионот „Етихад“ во Манчестер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО