Гвардиола: Како да е традиција играњето со „кралевите“ во ЛШ, трета години по ред

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ја коментираше ждрепката за четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) во кое англискиот клуб ќе се сретне со Реал Мадрид.

– Тоа е како мала традиција да се игра со „кралевите“, три години по ред. Ждрепката не може да се контролира, ако луѓето велат дека е лесно, тоа е затоа што сакаат да ја нарушат самодовербата на противниците. Вториот натпревар на домашен терен е таков каков што е, изјави Гвардиола,

Првите четвртфинални натпревари ќе се одиграат на 9 и 10 април, а реваншите на 16 и 17 април 2024 година. Актуелен победник во ЛШ е Манчестер сити.

Во минатогодишното финале, тимот на Пеп Гвардиола го победи италијанскиот Интер (1:0) благодарение на голот на шпанскиот играч за врска, Родри.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО