Гундоган: Многу сум разочаран, се’ што беше наше му го дадовме на ПСЖ

ПСЖ ја запре Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампиони (ЛШ). По поразот на домашен терен со 2:3, францускиот шампион победи со 4:1 во реваншот во Шпанија и се пласираше меѓу последните четири во оваа конкуренција.

Играчот од средниот ред на Барса, Илкај Гундоган го коментираше крајот на неговиот тим во елитното европско клупско натпреварување. Тој беше невообичаено искрен во критиките кон неговиот тим и кон некои поединци.

– Многу сум разочаран. Се’ беше во наши раце и тоа му го дадовме на ПСЖ. Им го врачивме на најлесен можен начин, изјави Гундоган, кој не ги избегна прашањата и за грешките на соиграчите.

На прашањето за црвениот картон на Роналд Араухо, тој рече дека не е сигурен дали Уругваецот требало да биде исклучен, но и додаде дека „во клучните моменти од играта треба да бидете сигурни кога ќе одите на топката. Јас лично би дозволил  ситуација еден на еден и би му дал шанса на голманот да одбрани, па дури и да прими гол“.

Гундоган  ја критикуваше и одбраната на Барса, при голот на Витиња.

– Тоа е уште една грешка, требаше да го „затвориме“ и да не му дозволиме да шутира. Беше слободен. Не е дека не тренираме такви работи. Кој е најблиску треба да реагира. Никој не исчекори напред да го маркира, тоа е разочарувачки”, рече тој за акцијата во која доцнеше Роберт Левандовски.

Прекршокот за пенал што го направи Жоао Кансело, Гундоган го опиша како „грешка во момент на минимална закана“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО