Луис Енрике: Бевме подготвени на секакво сценарио

Луис Енрике ја исполни својата цел и неговиот ПСЖ ја елиминира Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), 2:3 и 4:1.

– Натпреварот го почнавме брилијантно, знаевме дека ќе има многу голови. Бевме подготвени на секое сценарио, вклучително и она во кое први ќе постигнеме гол. По спектакуларната акција на Ламине Јамал, противникот поведе, но ние бевме спремни да направиме пресврт.

Сигурен сум дека навивачите се горди на нашиот настап. Обично не му давам оценки на судијата, се обидувам да се ставам во неговата кожа. На моите играчи им реков да ги контролираат емоциите. Направивме голем чекор напред во однос на зрелоста.

Во полуфиналето ќе се соочиме со Борусија Дортмунд. Добро го познаваме противникот бидејќи бевме во иста група. Дортмунд игра многу добро, прави проблеми бидејќи бара решенија со и без топка. Сигурен сум дека ќе има отворено полуфинале, прокоментира по мечот Енрике.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО