Кошаркарската репрезентација на Грција комплетна ќе настапи на квалификацискиот турнир во Атина за пласман на Летните олимписки игри (ЛОИ).
Главната ѕвезда на репрезентацијата Јанис Антетокунмпо го потврди учеството и ќе му биде на располагање на селекторот за решавачките мечеви кои на Грците можат да им обезбедат пласман на ЛОИ.
Покрај Антетокунмпо меѓу Грците ќе бидат и Митоглу, Папајанис, Папаниколау, Папапетроу, Слукас и многу други.
Грција за виза за Париз ќе се бори со селекциите на Доминиканската Република Словенија, Хрватска и Нов Зеланд.