Грнчаров седна на „жешката“ клупа на Македонија ЃП

Македонија Ѓорче Петров денеска и официјално за нов тренер на првиот тим го назначи Бобан Грнчаров кој имаше успешна играчка кариера, но како тренер работеше само во Вардар.

На Грнчаров (41) сега му претстои тешка задача да избори опстанок со фудбалерите на Македонија ЃП кои се последнопласирани на табелата со 18 бода во Првата лига на Македонија.

Грнчаров ќе биде трет тренер на скопскиот клуб сезонава. На почетокот тимот од Ѓорче Петров почна со Горан Симов, а потоа го наследи Тони Џангаровски.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО