Грифин и стави крај на НБА кариерата

Блејк Грифин кој има шест настапи на НБА Ол-стар викендите, потврди дека се повлекува од кошарката. Тој мина 14 сезони во НБА и доби многу индивидуални награди.

Играчот кој ќе остане запаметен по атрактивните забивања, во 2009 година беше избран како прв пик на драфтот од Лос Анџелес Клиперс.

Во 2018 година беше префрлен во Детроит пистонс, по што почнаа неговите сериозни проблеми со коленото. Грифин потоа беше дел од Бруклин нетс и од Бостон селтикс. Крилниот играч ја заврши кариерата со просек од 19 поени, осум скока и четири асистенции по натпревар.

– Кошарката ми даде многу во животот, и јас не би менувал ништо. Подеднакво сум благодарен и за не толку добрите моменти, за поразите, повредите, премногу операции,  скршеници. Таквите искуства ги направија моите 14 години во лигата навистина незаборавни и не можам да не се чувствувам благодарен, изјави Грифин.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО