Претседателот на ПСЖ: Видов нешто што не сум го видел 13 години!

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи реагираше на големата победа на неговиот тим во реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) со Барселона (4:1, во првиот меч беше 2:3).

– Ова се одлични моменти за клубот. Не е лесно да се победи овде, но бев сигурен во тоа. Уверен бев и пред првиот натпревар, по него, пред овој втор натпревар, дури и по првиот гол.

Бев навистина самоуверен. Видов нешто што не сум го видел 13 години, целиот тим да е заедно, сите се борат еден за друг, изјави Ал-Хелаифи за официјалната страница на УЕФА.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО