Ѕвездата на Вилијамс во Формула 1 (Ф1), Алекс Албон, може да се активира во екипата на Ред Бул во 2026 година.
Се очекува Мексиканецот Серхио Перез да добие нов едногодишен договор и потоа да си замине. Неговото место би можел да го пополни Алекс кој има ослободителна клаузула во договорот со Вилијамс, но цената е многу висока.
Во истовреме, Кристијан Хорнер ја добива поддршката од тајландските акционери во компанијата, но ќе мора да ја прифати нивната желба Албон да добие втора шанса во тимот.