Гравесен: Два клуба и една репрезентации, тоа се опциите на Зидан

Легендарниот Зинедин Зидан речиси три години е без работа. Во 2021 година му го отстапи место на клупата на Реал, на Карло Анчелоти.

Во изминатите три години Зидан го поврзуваа со речиси сите големи европски клубови, но сето тоа беа шпекулации.

Поранешниот соиграч на Зидан од Реал Мадрид, Томас Гравесен, изјави дека Зидан размислува само за три можни работни места.

– Пред две години го прашав Зидан дали ќе се врати на тренерската работа. Тој ми рече дека има само три работи кои би ги прифатил: Марсеј, Реал Мадрид и француската репрезентација. Тоа ми го кажа во Мадрид пред две години. Ме интересираше дали ќе се врати на тренерската работа и ми кажа дека само тие три опции се во игра“.

Да потсетиме, Зидан во првите три сезони како главен тренер во Реал Мадрид освои три последователни ЛШ, а на тоа додаде и бројни други трофеи. Освои и една Лига на шампиони во 2014 година како помошник на Анчелоти, а повторно работеше како тренер на Реал од 2019 до 2021 година, а потоа ја освои шампионската титула во Шпанија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО