Гравенберх најмалку 10 дена надвор од терените

Менаџерот на англискиот Ливерпул, Јирген Клоп, потврди дека играчот од средниот ред на тимот Рајан Гравенберх нема да биде на терените во следните десетина дена.

-Рајан е во аут за најмалку два натпревари. Тој заработи повреда на лигаментите која можеше да биде и многу полоша. Ни требаат чуда со неколку играчи, затоа не сакам никого да исклучувам, но тоа е тешко“, вели Клоп пред дуелот од ФА Купот со Саутемптон.

21-годишниот Гравенберх го напушти теренот на носилки во финалето на Лига купот по жестокиот судир со Мојсес Каиседо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО