Манчестер Сити гостува вечерва во главниот град на Данска, од каде ја почнува одбраната на титулата во нокаут фазата.
Минатогодишниот шампион и годинава е фаворит за трофејот, заедно со Реал Мадрид, а вечерва поведоа уште во 11. минута на гостувањето кај Копенхаген.
По една гужва пред голот на домашниот голман Грабара, белгискиот интернационалец Кевин Де Бруин беше најснаодлив и ја смести топката во голот за почетна предност на гостите.
Gooooaaalll what a goal kevin de bruyne ???@ManCity @KevinDeBruyne pic.twitter.com/vSzDmnjWrS
— Roni (@roni_londonn) February 13, 2024