Екипата на Гостивар во минатиот, летен преоден рок беше најактивна на трансфер период, а такво нешто се очекува и сега.
Па така доцна синоќа клубот го промовираше своето прво зимско засилување, а станува збор за голман кој доаѓа од Турција.
Станува збор за Ертен Ерсу кој доаѓа од редовите на Газиантеп, а има играно и за Коњаспор. Најголем дел од кариерата, седум години има играно во славниот Фенербахче.
За потсетување летово во Гостивар од оваа држава дојде уште еден екс играч на Фенербахче, Алпер Потук.