Илиев пред контролките: Наша обврска е да го дадеме најдоброто

Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекуваат двата контролни меча, против Хрватска (3. јуни, Ријека) и против Чешка (10. јуни, Храдец Кралове).

Голманот Дејан Илиев, во изјавата за интернет страницата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) вели дека сите се во добро расположение пред тие натпревари.

– Оптимисти сме, иако станува збор за сосема различни репрезентации во однос на оние со кои игравме во последно време. Хрватска е многу квалитетна репрезентација, се подготвува за настап на Европското првенство, но наша обврска е да го дадеме најдоброто и да веруваме во позитивен резултат. Треба да бидеме претпазливи, грешки на вакви натпревари можат многу да не’ чинат, изјави Илиев.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО