Далас го губеше натпреварот, но на три секунди пред крајот, ново шоу на Дончиќ! (ВИДЕО)

Со уште една брилијантна партија на Лука Дончиќ, Далас успеа да стигне до 2:0 во серијата од западното финале против Минесота.

Буквално со тројка во последните секунди на Дончиќ, беше обезбедена победата, која им дава комотна предност и секако ги прави фаворити.

Низ полуфиналната серија на Денвер и Минесота видовме дека не мора да значи домашниот терен дека е предност, но оваа предност на Далас изгледа комотно и тие итаат кон големото финале.

На вториот натпревар, Минесота беше таа која беше поблиску до 1:1, отколку Далас до 2;0, но ете, Лука Дончиќ не сакаше тоа да се случи и со тројка во последните секунди, донесе двојна предност за своите.

Неверојатен е начинот на кој беше постигната тројката од страна на Лука Дончиќ, го предрбла Гобер и потоа погоди од тешка позиција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО