Големи промени во фудбалот во БиХ, еве што ќе се менува

Од сезоната 2025/26 во најквалитетната фудбалска лига на Босна и Херцеговина, наместо досегашните 12 ќе се натпреваруваат 10 клуба, ќе се воведат ВАР технологија и Суперкупот, беше соопштено по седницата на Извршниот одбор (ИО) на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина (ФС БиХ).

Сепак, раководството на ФС БиХ се’ уште не утврдило според каков систем ќе се одвива првенството. Според сегашниот систем со 12 клуба, првенството се игра во три круга.

– Сметаме дека ова дополнително ќе се подобри инфраструктурата, како и квалитетот на фудбалот во земјата, изјави Вице Жељковиќ, претседателот на ИО.

Раководството на Сојузот на БиХ најави воведување на ВАР технологијата од следната сезона, која треба дополнително да помогне за зајакнување на квалитетот на фудбалот.

Се воведува и Суперкупот, почнувајќи од следната 2024/25 сезона, во кој за трофејот ќе се борат победникот во лигата и освојувачот на купот.       .

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО