Во второто полуфинале на турнирот во Монте Карло најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ загуби од Каспер Руд со 2:1 во сетови за два часа и 18 минути игра.
Првиот сет го освои Норвежанецот со 6:4, па убедливо возврати Србинот за израмнување откако доминираше во вториот со 6:1.
Во третиот решавачки сет Руд беше подобар со 6:4, најпрвин норвешкиот тенисер направи серија од 3:0, па се врати Ноле за 4:4. Руд беше успешен во својот сервис за враќање на предноста на 5:4, а до победата дојде откако направи брејк во следниот гем.
Противник на Руд во големото финале ќе биде Стефанос Циципас кој претходно го елиминираше Јаник Синер. Мечот за титулата ќе се игра в недела од 15.00 часот.
И покрај поразот Ѓоковиќ нема за што да жали, бидејќи далеку го надмина резултатот од претходната година и освои повеќе бодови. Од понеделник српскиот ас ќе има 10,285 бодови на АТП листата, со што само ќе ја зголеми предноста пред Синер.