КТМ ќе ги искористи можностите за вајлд-карта

Дани Педроса и Пол Еспаргаро ќе фигурираат како дополнителни возачи за екипата на КТМ на Мото трките во Шпанија и Италија. Педроса втора година по ред ќе влезе со вајлд-карта на домашната трка во Херес додека Еспаргаро ќе ја искористи можноста на Муџело. КТМ има право на вкупно шест вајлд-карти во 2024 година. \

Услов е три од нив да бидат пред летниот распуст а другите после него. Се чини дека австрискиот производител нема да ги искористи трите настапи со „вајлд-карта“ пред летната пауза иако плановите може да се променат. Трката за ГН на Шпанија ќе биде на 28 април. Големата награда на Италија во Муџело е закажана за 2 јуни.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО