Ѓоковиќ остана без финале во Монте Карло, Каспер Руд за титулата против Циципас

Во второто полуфинале на турнирот во Монте Карло најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ загуби од Каспер Руд со 2:1 во сетови за два часа и 18 минути игра.
Првиот сет го освои Норвежанецот со 6:4, па убедливо возврати Србинот за израмнување откако доминираше во вториот со 6:1.

Во третиот решавачки сет Руд беше подобар со 6:4, најпрвин норвешкиот тенисер направи серија од 3:0, па се врати Ноле за 4:4. Руд беше успешен во својот сервис за враќање на предноста на 5:4, а до победата дојде откако направи брејк во следниот гем.

Противник на Руд во големото финале ќе биде Стефанос Циципас кој претходно го елиминираше Јаник Синер. Мечот за титулата ќе се игра в недела од 15.00 часот.

И покрај поразот Ѓоковиќ нема за што да жали, бидејќи далеку го надмина резултатот од претходната година и освои повеќе бодови. Од понеделник српскиот ас ќе има 10,285 бодови на АТП листата, со што само ќе ја зголеми предноста пред Синер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО