Новак Ѓоковиќ рано утрово го одигра полуфиналето на Австралија опен против Јаник Синер, а Италијанецот го совлада со 6:1, 6:2, 6:7, 6:3.
Ѓоковиќ, барајќи ја 11-та титула во Австралија, беше фаворит против многу помладиот Италијанец, но 22-годишниот на крајот му одржа лекција, особено во првите два сета.
Така Новак остана без ново финале и можност да се бори за нова грен слем титула, додека ривал на Синер ќе му биде Даниил Медведев, откако Русинот во второто полуфинале го совлада Александар Зверев по голем пресврт.
На крајот од натпреварот, на пат кон соблекувалната, Ѓоковиќ беше фатен во телефонски разговор. Екранот на неговиот мобилен телефон случајно бил снимен и забележано како разговара со неговата шестгодишна ќерка Тара.
Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ имаат две деца Стефан (9) и Тара (6). По изненадувачкиот неуспех, малата Тара му се јавила на својот татко да го расположи.
Овој разговор му се допадна на српскиот тенисер, бидејќи го насмеа и заборави на горчината на неуспехот со Синер.