Хески пред банкрот поради неплатен данок и матни зделки

Емил Хески, поранешниот напаѓач на Ливерпул и на Лестер, и репрезентативец на Англија, е во големи финансиски проблеми и му се заканува банкрот.

Според англиските медиуми, Хески се нашол во проблеми кога и се приклучи на инвестициската шема на некои познати личности која сега е во центарот на даночниот спор вреден 1,6 милијарди фунти. Станува збор за шема меѓу познатите личности што ја водела финансиска компанија која финансирала повеќе од 60 филмови.

Некои од познатите личности кои инвестирале минимум по 50.000 фунти се Дејвид Бекам, Стивен Џерард, Џејми Карагер и Роби Вилијамс.

Хески останал и без барот во Лондон кој бил затворен поради долгови од 163.000 фунти. Сè уште не е сигурно дали даночната наплата доаѓа од тој бизнис или од вложувањето пари во споменатата шема.

Покрај тоа, Хески беше казнет и со 42.000 фунти поради тоа што не платил данок додека работел како лице за развој на фудбалот помеѓу 2017 и 2020 година. Тој наводно проневерил околу 92.000 фунти.

Богатството на Хески во 2009 година беше проценето на 12 милиони фунти.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО