Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, иако не настапуваше во минатиот период сепак го задржи првото место на АТП листата со 9.855 бодови.
Ѓоковиќ ја започна 413-та недела на првото место со 750 поени предност пред Карлос Алкараз кој не успеа да ја одбрани титулата на турнирот во Буенос Аирес и загуби 150 бода.
Веднаш зад нив е Јаник Синер кој по победата во Ротердам го има најдобриот пласман во кариерата. Натаму се наредени Медведев. Рубљев, Зверев, Руне, Хуркач, Де Минаур и Фриц итн.