Ѓоковиќ е свесен: Имам уште конкурентност за големите турнири!

Новак Ѓоковиќ е свесен дека може уште многу да понуди на тенисот и самиот порача по последната пресконференција дека се чувствува уште конкурентен за големите турнири.

Тој одигра одличен натпревар против Марино кој го доби 3:0, со 6:0, 6:0, 6:3 и е презадоволен од постигнатото.

– Немам премногу пати водено со 6:0, 6:0, всушност на Ролан Гарос, па имаше доста тензија во третиот сет, публиката сакаше да го земам и третиот сет.

– Играв доста добро, го натерав едноставно противникот доста да трча по теренот, а со сервисот добивав доста лесни поени. Последните два меча ми беа многу добри, не е прв пат да почнам бавно, па потоа да го засилам интензитетот. Но на големите турнири, веќе нема така лесни натпревари. Тенисот ми е страст и љубов, па затоа комплетно се подготвувам за секој натпревар и против секој противник. Ги гледам моите ривали кога играат, тоа не е тајна, сите сакаме да сме си еден на друг на око, порача Новак Ѓоковиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО