Драма во Удине: Голманот на Милан го напушти теренот, цел тим го следеше до соблекувалните

Непосакувани сцени ни доаѓаат од Серија А вечерва, каде голманот на Милан, го напушти теренот во првиот дел, поради заканите на расна основа од трибините.

Навивачите на Удинезе го навредуваа и напаѓаа голманот на Милан, Мајк Маигнан, а тој реагираше бурно, не можеше да верува што гледа, па го напушти теренот и за тоа го извести судијата.

Неговите играчи направија одличен потег, затоа што заедно со него го напуштија теренот, а натпреварот беше подоцна продолжен.

Иако начено се борат сите против расизмот, Италија е пример во таа борба, затоа што се почести се случаите во Италија, а огромен број на играчи од афричките земји, се изложени на расна тортура.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО