Aнгличаните изненадени: Јунајтед направи „трансфер“ на клучен човек од Сити

Манчестер Јунајтед направи потег од кого е изненадена цела Британија, посебно во градот Манчестер, од каде им го „украле“ клучниот оперативец и главен директор на фудбалските операции во клубот, Омар Берад.

Доаѓањето на Џим Ретклиф во клубот, донесе некои новитети и позитивна енергијана Олд Трафорд, тој ги купи 25% акции од пакетот кој го поседува семејството Глејзери со години.

Но сега одат чекор понапред и го обезбедија потписот на еден од клучните луѓе во Сити за трансферите. Во Јунајтед Омар Берад ќе ја извршува функцијата извршен директор и ќе влијае на тоа како се одвива трансфер политиката во клубот.

Јасно е дека Џим Ретклиф сака потполна контрола во тоа поле и контролирано трошење на милионите кои Јунајтед со години жестоко ги троши.

– Манчестер Сити потврдува дека Омар Берад поднесе оставка на функцијата главен директор во клубот. Клубот ја разбира неговата одлука да побара нов предизвик и ние му благодариме на се, порачаа од Сити, но не обзнанија дека оди во Манчестер Јунајтед.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО