Ѓоковиќ е незадоволен и исфрустриран од главниот спонзор!

Седумкрантиот победник на Вимблдон, Србинот Новак Ѓоковиќ без борба се пласираше во полуфиналето на годинашното издание на најголемиот турнир во светот. Австралиецот Алекс Де Минор му го предаде четвртфиналниот меч поради повреда.

Ѓоковиќ утре во полуфиналето ќе игра против Италијанецот, Лоренцо Музети кој го елиминира Американецот, Тејлор Фриц.

Со пласманот во полуфиналето на Вимблдон, Ѓоковиќ го израмни рекордот на Роџер Федерер, единствениот кој 13 пати стигнал до полуфиналето на грен слем турнирот на трева.

Во второто полуфинале, третиот носител, бранителот на титулата, Карлос Алкараз ќе игра против и петтиот носител, Данил Медведев. Алкараз лани во финалето го победи Ѓоковиќ во пет сета.

Српскиот тенисер во последното појавување пред медиумите го критикуваше спонзорот „Лакост“, чија опрена ја носи, бидејќи не е задоволен од тоа што во продавниците на „Лакост“ во Лондон тешко се наоѓаат производите од „линијата Ѓоковиќ“.

– Не сум задоволен од тоа како мојот спонзор прави маркетинг промоција, фрустриран сум. Во последните години чувствувам незадоволство и фрустрација.

Многу луѓе кои ги бараат моите производи не можат да ги најдат во продавниците на мојот спонзор. Сега некои работи се менуваат на подобро, но јас сè уште не сум задоволен, се’ може да биде подобро.

Се надевам дека мојот спонзор ќе го зголеми нивото на производство и количини, но и достапноста, за да имаат луѓето шанса да ги најдат производите. Нивото на тенис што го играм е многу популарно низ целиот свет.

Се разбира, моите производи може да се купат на интернет страницата, но поинаку е кога луѓето одат во продавница, вели Ѓоковиќ

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО