Американците го отпуштија Берхалтер. Го сакаат Клоп за селектор?

САД го отпуштија селекторот, Грег Берхалтер по прераната елиминација од Копа Америка, уште во групната фаза. Американците станаа првата земја домаќин која испаднала во групната фаза на Копа, по поразите од Панама и од Уругвај.

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Германецот Јирген Клоп се спомнува како можен кандидат за наследник на Берхалтер (50). Првиот човек на американската фудбалска асоцијација, Мат Крокер рече дека „процесот за избор на нов селектор“ веќе е почнат.

САД ќе бидат ко-домаќини на Светското првенство (СП) 2026 година, со Канада и Мексико.

Во водство на Берхалтер, САД стигнаа до 16-финалето на СП 2022 година во Катар и го освоија Златниот куп на Лигата на нации на Конкакаф во 2021 година.

По поразот од Уругвај со 0:1, Берхалтер изјави дека тој е вистинската личност да го предводи тимот на СП 2026-та!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО