ГФК Тиквеш промовираше четири нови засилувања 

Екипата на ГФК Тиквеш ги започна подготовките за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, но пред се за дебитантскиот европскиот предизвик. Од Тиквеш веќе објавија дека ќе биде посилни со четири нови играчи.

Дресот на клубот од Кавадарци во новата сезона ќе го носат левиот бек Михаил Маневски, Ѓорѓи Ѓорѓиев кој игра на позицијата десно крило, а овие двајца играчи во пакет доаѓаат од штипска Брегалница.

Нов играч на ГФК Тиквеш е Давид Манасиевски, играч од средниот ред, кој досега настапуваше во Силекс, додека пак на голманската позиција се засилуваат со младиот Стефан Тасев кој доаѓа од Вардар Неготино. ГФК Тиквеш, по освоениот трофеј во Купот на македонија ќе настапува во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО