Германците ги отворија картите за Европското првенство

Германската репрезентација го објави конечниот состав за ЕП 2024 година. Ова го објави онлајн изданието „Скај Спорт Германија“.

Голмани: Оливер Бауман, Мануел Нојер, Марк-Андре тер Штеген.

Дефанзивци: Валдемар Антон, Бенџамин Хенрикс, Џошуа Кимих, Робин Кох, Максимилијан Мителштет, Давид Раум, Антонио Рудигер, Нико Шлотербек, Џонатан Та.

Среден ред: Роберт Андрих, Крис Фурих, Паскал Грос, Илкај Гундоган, Тони Крос, Џамал Мусиала, Александар Павловиќ, Лерој Сане, Флоријан Вирц.

Напаѓачи: Максимилијан Баер, Никлас Фулкруг, Каи Хаверц, Томас Милер, Дениз Ундав.

Од прелиминарниот список на конечниот список не се најде само голманот Александар Нубел.

Да потсетиме, Европското првенство во 2024 година ќе се одржи во Германија. Европскиот шампионат стратува на 14 јуни и ќе трае до 14 јули.

Во 1/8 финалето ќе се пласираат екипите кои ги освоија првото и второто место во групната фаза, како и четирите најдобри третопласирани.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО