Голманот Ортега потпиша нов договор со Манчестер Сити

Голманот на Манчестер Сити, Стефан Ортега, потпиша нов договор со „граѓаните“, официјално информираа од клубот. Договорот ќе важи до 2026 година, а преговорите не беа лесни и траеја многу долго, но договорот меѓу двете страни е веќе факт.

Пеп Гвардиола лично инсистираше Ортега да остане во Манчестер Сити, а германскиот голман ќе даде се од себе следната сезона да биде број еден во тимот од „Етихад“. Иднината на првиот голман Едерсон останува неизвесна, со оглед на интересот на клубови од Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО