Германија ја размонтира Шкотска

Германија со убедлива победа над Шкотска од 5:1 (3:0) го отвори 17. Европско првенство во фудбал.

Домаќинот на ЕУРО 2024 од првата секунда тргна со јасна намера што поскоро да го реши победникот. Шкотите од друга страна делуваа преплашено и покрај тоа што на трибините имаа армија свои навивачи.

Германците успеаја во намерата, два гола постигнаа во првите 19.минути. Најпрвин Вирц го совлада Ган во 10., а птооа погоди и Мусилаја во 19.минута.

Овие двајца влегоа во историјата на германскиот и европскиот фудбал. Германија стана прва репрезентација во историјата на ЕП која имала двајца стрелци на возраст од 21 година или помлади, на еден ист натпревар.

И покрај комотната предност Германците не го намалија ритамот. Постигнаа уште еден гол, во 45.минута од пенал. Стрелец беше Хаверц.

Портеус кој грубо стартуваше врз Гундоган доби црвен картон.

Второто полувреме немаше таков интензитет како првото. Филкруг набргу по влегувањето во игра, во 68.минута испрати прокетил од 15 метри и го постигна четвртиот гол. Напаѓачот на Борусија Дортмунд седум минути подцна постигна уште еден гол кој беше поништен поради офсајд.

До крајот на мечот Ридигер си постигна авто-гол во 87.минута, а во 93. Емре Џан, кој во средата и се приклучи на репрезентацијата откако поради болест Александар Павловиќ отпадна од ростерот, го постави конечниот резултат.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО