Во петок во Минхен, на арената „Алијанц“, ќе биде отворено Европското првенство (ЕП) со мечот меѓу домаќинот Германија и Шкотска. Како што се приближува стартот на ЕП, во јавноста излегуваат се’ поинтересни информации и детали.
„Фајненс фудбал“ објави список со годишните плати на сите селектори на 24-те репрезентации учеснички на ЕП. Најплатен е Герет Саутгејт, кој добива 5,8 милиони евра годишно за раководење со англиската репрезентација.
Првиот следен на таа листа добива дури еден милион евра помалку, а тоа е Германецот, Јулијан Нагелсман. Првата тројка ја затвора селекторот на Португалија, Роберто Мартинез со годишна плата од четири милиони евра.
Хрватскиот селектор Златко Далиќ е на деветтото место на листата со плата од 1,5 милиони евра годишно. Зад него, на 12-то место, е селекторот на Србија, Драган Стојковиќ, кој заработува 1,4 милиони евра. Словенечкиот селектор Матјаж Кек (на делба на 20-то место) има годишна плата од 300.000 евра!
Платите на сите селектори
- Герет Саутгејт (Англија) – 5,8 милиони евра
- Јулијан Нагелсман (Германија) – 4,8
- Роберто Мартинез (Португалија) – 4
- Дидие Дешам (Франција) – 3,8
- Роналд Куман (Холандија) – 3
Лучијано Спалети (Италија) – 3
- Виченцо Монтела (Турција) – 1,8
- Мурат Јакин (Швајцарија) – 1,6
- Златко Далиќ (Хрватска) – 1,5
Ралф Рангник (Австрија) – 1,5
Доменико Тедеско (Белгија) – 1,5
- Драган Стојковиќ (Србија) – 1,4
- Луис де ла Фуенте (Шпанија) – 1,25
Серхиј Ребров (Украина) – 1,25
- Каспер Хјулманд (Данска) – 1,15
- Силвињо (Албанија) – 750.000
- Михал Пробиерц (Полска) – 560.000
- Стив Кларк (Шкотска) – 550,000
- Франческо Калцона (Словачка) – 540.000
- Матјаж Кек (Словенија) – 300.000
Марко Роси (Унгарија) – 300.000
- Иван Хашек (Чешка) – 250.000
- Едвард Јорданеску (Романија) – 240.000
- Вили Сањол (Грузија) – 200.000 евра