Руни доби отказ по 15 натпревари

Фудбалскиот клуб Бирмингем објави дека му ја врачил оставката на менаџерoт Вејн Руни поради лошите резултати оваа сезона.

Во соопштението на Бирмингем се наведува дека е раскинат и договорот со првиот асистент Карлос Робинсон.

Клубот се реши на ваков чекор по вчерашниот пораз од Лидс (0:3) во 26. коло од Чемпионшип.

-Одборот верува дека оваа промена е во најдобар интерес на клубот. Управниот одбор и раководството ќе продолжат да ја поттикнуваат трансформацијата и да преземаат чекори за да го направат Бирмингем организацијата што ја заслужуваат неговите навивачи. Би сакале да им се заблагодариме на Руни и Робинсон за нивните напори, изјавија во соопштението за медиумите на клубот.

Бирмингем изјави дека еден од тренерите Стив Спунер привремено ќе го води првиот тим додека не биде назначен нов клупски менаџер.

Руни (38) го презеде Бирмингем на почетокот на октомври минатата година, а овој клуб го водеше 15 натпревари. Претходно беше тренер на Д-С Јунајтед и Дерби.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО