Фудбалерите на Аталанта вчера го совладаа Емполи (2:0) во натпревар од 34. коло во Серија А. Нивниот тренер, Пјер Луиџиа Гасперини, вели дека тоа ќе биде дополнителен мотив за следните мечеви во Лига Европа (ЛЕ).
– Ако успееме да освоиме што повеќе бодови, нашата позиција на табелата може значително да се промени. Сега Лига Европа ни е приоритет. Во четврток ќе го играме првиот од двата полуфинални натпревара кои подеднакво се значајни, но мислам дека првиот е со поголема тежина, изјави Гасперини.