Галата купи играч од Бразил

Бразилскиот фудбалер, Вендел го напушти рускиот состав Зенит и се пресели во екипата на Галатасарај.

Тој во Турција ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона. Фудбалерот кој игра во средината на теренот во претходната кампања имаше 35 натпревари во сите конкуренции на кои постигна четири голови и направи 10 асистенции.

26-годишниот фудбалер има пазарна вредност од околу 20 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО