Футсал шампионот Форца ги доби противниците за Лигата на шампионите

Шампионот на Македонија во футсал, Форца ги дозна противниците во првата фаза од новата сезона во Лигата на шампионите.

На денешната ждрепка за прелиминарните кола од Лигата на шампиоите, Форца се најде во групата А, а противници ќе им бидат екипите на КМФ Титоград од Црна Гора, Даблин од Ирска и Ренџерс од Андора. Натпреварите од ова претквалификации ќе се одржуваат од 20 до 25 август во Скопје бидејќи салата во Куманово не ги исполнува условите на УЕФА.

Место за главната фаза од Лигата на шампионите ќе има само за екипата која што ќе заврши на првата позиција на табелата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО