Раководството на Фулам ја одбило првата понуда на Баерн Минхен за играчот од средниот ред Жоао Палиња, објави Скај Спортс. Баварците понудиле 30 милиони фунти за 28-годишниот фудбалер.
Информациите наведуваат дека малиот лондонски состав сака двојно повеќе за дефанзивниот играч за врска.
За Палиња се вели дека се заинтересирани и Барселона и Манчестер Јунајтед. Разговорите меѓу Баерн и Фулам се очекува да продолжат оваа недела, а двете страни се оптимисти дека наскоро ќе постигнат договор за трансфер.