Фулам го шокира Манчестер јунајтед, Брајтон во 95.минута се спаси од пораз

Фулам го шокираше Манчестер јунајтед во 26.коло, во англиската Премиер лига. Тимот од Лондон победи на „Олд Трафорд“ со голот на Алекс Ивоби во 97.минута.

Фулам ја прекина успешната низа во која се наоѓаа „црвените ѓаволи“. Гостите од Лондон имаа предност од 65.минута кога Баси го совлада Онана. Надежите на Јунајтед, не дека ќе останат непоразени туку дека и можат да победат им гиврати Хари Мегваер кога изедначи во 89.минута.

Јунајтед имаа доволно време, бидејќи судијата додаде девет минути, но во тој период доживеаја уште еден шок. Брилијантниот контранапад на Фулам во 97.минута со гол го заврши Алекс Ивоби.

Драматично беше и во Брајтон, каде домаќинот од пораз во дуелот со Евертон го спаси капитенот Луис Данк во 95.минута. Претходно Евертон постигна гол преку Брејтвајт во 73.минута.

Астон Вила рутински го совлада Нотингем Форест со 4:2, а Кристал Палас славеше над Барнли со 3:1.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО