Конте е во потесниот круг, но не е приоритет за Баерн Минхен

Баерн Минхен не би имал ништо против на клупата на нивната екипа од следната сезона да седне познатиот италијански стручњак Антонио Конте.

Сепак според инсајдерот Матео Морето, италијанскиот тренер е само на потесниот список на желби на клубот од Минхен, но не е меѓу приоритетните опции.

Актуелниот германски шампион е насочен кон потписот на Чаби Алонсо од Баер Леверкузен. Самиот Конте би сакал да ја продолжи кариерата во Италија и чека можност да води тим од Серија А, но сепак не исклучува преселба во Баерн.

54-годишникот тренер е без работни обврски откако го напушти Тотенхем во март 2023 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО