Француски тенисер колабираше на меч во Мајами

Младиот француски тенисер Артур Казо (21) се онесвести за време на квалификацискиот натпревар за влез на главниот турнир на Мастерсот во Мајами.

Казо колабираше додека се подготвуваше за враќање во третиот сет од дуелот со сонародникот Харолд Мајо. Се претпоставува дека причината е исцрпеноста поради горештините, бидејќи температурата во Мајами за време на натпреварот била 35 степени.

Кога Казо колабираше, неговиот ривал не покажа знаци на емпатија, што остави многу коментари и кај публиката и кај фановите на социјалните мрежи. Казо мораше да го предаде мечот при резултат 4:6, 7:5, 2:1.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО