Селекторот на Франција, Дидие Дешам, одговори на критиките дека неговата селекција игра здодевен фудбал на Европското првенство.
„Триколорите“ утре ги очекува дуелот со Шпанија во рамките на полуфиналето.
– Ако ви е досадно, гледајте нешто друго! Ништо не е задолжително! Ова е посебно Европско првенство, за сите е многу тешко. Бројот на голови е многу помал од очекуваното – изјави селекторот на Франција.
– Ние сакаме да ги израдуваме Французите со добрите резултатите што ги постигнуваме. Дефинитивно имаме тежок период – изјави Дешам.