Фрајбург одлучи кој ќе биде новиот тренер

Германскиот Бундеслигаш, Фрајбург веќе најде замена за Кристијан Штрајх кој си замина од клубот по 29 години. Негов наследник би требало да биде Јулијан Шустер, поранешен капитен на Фрајбург, моментално тренер во клупската академија.

Поранешниот напаѓач на Фрајбург, Нилс Петерсен, изјави дека Шустер бил одличен играч и оти веќе е и одличен тренер.

– Тој е дел од овој посебен клуб. Фрајбург поддржува одредени вредности и квалитет на персоналот. Ако некое лице во вашата организација го отелотворува сето тоа, не треба да размислувате премногу далеку, вели Петерсен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО