(ФОТО) Рели Финска: Подарок победа за Ожие, Рованпера излета од патеката

Возачот на Тојота, Французинот Себастиен Ожие, забележа неочекувана победа на релито Финска, деветтата „станица“ од сезоната во Светското првенство (СП) во рели, по шокантниот пресврт на последниот ден од трката.

Французинот доби „подарок победа“ откако Кале Рованпера (Тојота) излета од патеката на претпоследниот брзински тест кога имаше убедливо водство од 45 секунди  пред Ожие, и беше пред триумф.

Но, во 19-та етапа, Кале излета во шумата, меѓу дрвјата, се преврте на покривот и го заврши релито со „тоталка“. Ова беше негов шести настап на домашното рели, но „проклетството“ продолжува.


Двократниот светски шампион се’ уште нема победа на домашните трки. Најдобар резултат му е второто место во 2022 година, додека останатите пласмани му се: 14. место, 9-то, 34-то, повлекување, повлекување…

За Ожие тоа беше 61 победа во кариерата. Втор беше Тиери Нојвил (Хјундаи), кој максимално профитираше во однос на борбата за шампионската титула.

Бидејќи двајцата негови ривали не стигнаа до целта, От Танак (Хјундаи) испадна веќе првиот ден, а Елфин Еванс (Тојота), како и Рованпера, во претпоследната етапа, Велшанецот се избори за бонус од 25 поени.


На четири трки до крајот на сезоната, Нојвил има предност од 27 поени пред Ожие. Но Французнот не вози на сите трки, но можно е да се премисли бидејќи има шанси да ја освои деветтата шампионска титула, со која би се израмнил со рекордерот и сонародник, Себастиен Лоеб.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО