За жал како што е познато во очи Нова Година, браќата Стефан и Милан Ристовски доживеаа голема семејна трагедија во која ја загубија својата мајка.
Ова доста силно емотивно ги погоди и двајцата, па поради тоа Стефан доби дополнителни денови за одмор од својот клуб Динамо Загреб каде што се приклучи пред некој ден.
Но пред да замине во Хрватска и да се приклучи на подготовките, Стефан реши да направи еден потег во сеќавање на својата мајка.
Освен што вечно ќе ја носи во своето срце и душа, реши да ја има и на своето тело па направи тетоважа со ликот на мајка си додека го држи него како мал.