(ФОТО) Не е монтажа. Меси го држи Јамал во раце како бебе!

Ламинe Jамал ​​е новата млада ѕвезда на светскиот фудбал. Тој ќе наполни 17 години на 13 јули и моментално е „жешка“ тема на разговор.

Шпанија е една од најдобрите на ЕП, се пласира во финалето, а по одличните игри на Јамал се појави фотографија за која многумина помислија дека е фотомонтажа. На неа се гледа како Лионел Меси држи шестмесечно бебе во рацете, Јамал!?

Навивачите не можеа да поверуваат, мислеа дека сликата е лажна. Но, потоа се огласи таткото на Ламине, како и човекот кој ја направил фотографијата за шпанскиот весник „Спорт“.

Фотографијата стана вирална и за неа многу се зборува. „Меси му пренел нешто од своите фудбалски вештини“, се пошегува еден од навивачите.


Фотографијата е направена во декември 2007 година кога Барселона организирала изработка на календар за хуманитарни цели. Во тоа време Јамал ​​имал околу шест месеци, а Меси 20 години.

– На тој настан учествуваа сите првотимци на Барселона. Секоја фотографија имаше посебна тема. Не се сеќавам од каде потекнуваше семејството на Ламине, изјави фоторепортерот кој ги направил фотографиите.

Ова е уште еден доказ дека се’ е можно во животот. Во декември 2007 година, никој не можеше ниту да помисли дека Лео, еден од најдобрите фудбалери во историјата, ќе држи бебе чија вредност на фудбалскот пазар денеска се проценува на 90 милиони евра!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО