Фудбалската репрезентација на Хрватска, во медиуми крстена како „Ватрени“, со нов дизајн на дресовите ќе игра на Европското првенство (ЕП) во Германија летово.
Промоцијата на дресовите би требало да се случи во понеделник. За некои тие ќе бидат различни, посебни, добри, за други не толку одлични. На крајот ќе биде интересно да се видат реакциите на навивачите, пишува Спортске новости.
Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) отвори профил на ТикТок и со мистериозно видео објави дека за навивачите на хрватската репрезентација подготвува нешто „ново и во живо“.
На видеото се гледаат силуетите на некои од најголемите ѕвезди на репрезентацијата, Лука Модриќ, Иван Перишиќ, Бруно Петковиќ, Јошко Гвардиол и Матео Ковачиќ.
Повод е најавата за настанот чиј домаќин ќе биде „City цenter one East“ во Загреб на 18 март, од 18 часот, каде што ќе се промовираат новите дресови.
Дресовите на Најк се многу поразлични во однос на првиот дрес. На него нема многубројни црвени и бели квадрати, тие сега се многу поголеми, а на предната страна има само осум квадрати, од кои само два се цели. Ракавите се бели, а има и бела крагна.
Хрватска никогаш немала толку големи квадрати кои наликуваат на дрес што некогаш го имала Северна Ирска!
Резервната гарнитура повторно е сина, со потемна и посветла варијанта на квадрати кои се значително помали, но како да треперат и изгледаат како ромб.